
Генералии за проектот
- Client: CUBUS
- Location:Skopje, kej 13 noemvri
- Project Begin: по усвојување на ДУП
- Project End: 18 месеци
- Architect: Simona Serafimovska Gjureska , Melanija Todorova
Краток опис
Објектот се наоѓа на брегот на реката Вардар, на самиот „Кеј 13 ноември“ во Скопје. Тој параметар се јавува како доминантен при проектирањето. Маркичката за градба е од типот на објекти во низ. Приземјето е закосено и ја следи линијата на крајбрежната улица, а катовите се делумно исфрлени и по целата вертикала ја оформуваат второстепената пластика. По природата на локацијата, објект покрај вода, даден е приоритет на визурите кон реката. Со тоа се оформува и изгледот на фасадата на која балконите се функционален и обликовен елемент. Јужната фасада е осмислена да ги користи предностите на географската ориентација. Тука, на фасадата се применети елементи кои пред се го користат југот, а во исто време ги заштитуваат отворите на фасадата од спецификите на Скопската географска ширина.
Становите се решавани во согласност со стандардите и правилниците за домување. Посебно внимание е посветено на заштита од влага, а присатноста на водата е искористено за решавање на машинскиот дел. Греењето и ладењето во објектот е решено исклучиво со користење на подземната вода со што експлоатацијата на недвижностите во објектот ги намалува и до 4 пати.
Во тек е усвојување на новиот ДУП. После ставање на ДУП-от во примена податоците за овој објект ќе бидат ажурирани
Any Question at
+389 2 2040319
+389 2 2040726
+389 75 282808