ЗА СОНОТ ДА СЕ ОСТВАРИ

НАШИТЕ УСЛУГИ

Проектирање и дизајн

Проектирањето на идните објекти ги опфаќа сите фази:
-Архитектура
-Статика со сеизмика
-Водовод и канализација
-Електрика
-Машинство
-Ревизија на проектната документација
За преглед на Лиценците кои ги поседуваме, притиснете на фотографијата.

Претходни, земјани и завршни работи

Обемот на нашите работи опфаќа:

  • Претходни работи,
  • Работи на расчистување на локацијата за идната градба,
  • Земјани работи
  • Зидаротесарски работи
  • Завршни работи на објектот со сите фази.
  • Надзор над градбата
  • Партерно уредување на локацијата

Инжинерингот во Кубус ги опфаќа активностите за формално правно оформување на документите за идната градба и вовeдување на изградената недвижност во АКН

За увид во овластувањата кои ги поседуваме за изведба на објекти од високоградбата, притиснете на сликата.

Пејсажна архитектура

Објектите не се целосно вклопени во околината доколку зеленилото не е внимателно одбрано. Колоритот на објектот внимателно е надополнет со акцентот на бои кои го даваат растенијата.За тоа се грижат технички лица кои своето знаење го стекнале на унивезитетите во Русија и Р.Македонија.

Светло во функција на просторот

При проектирањето особено внимание посветуваме на прилагодување на постојните услови на осветлувањето. Не само количеството на осветлување, туку и на создавање на ефекти со кои доколку не се внимава може сериозно да ја  намалат вредноста на просторот. Напротив, доколку при проектирањето се обмислат сите влијанија од осветлувањето, случајни промени во изгледот на просторот нема.

Фасади за успешна интерпелација во градско јадро

Изборот на фасадното обликување на објектот зависи од многу услови. Тоа што ние го проектираме се движи од совршени класични скулптурални композиции се до големите можности на современите материјали. Хелиопластиката е наше професионално хоби.

Фасадно осветлување

Светлото има посебен третман во обликувањето на објектот. Со правилно одбрана и распоредена  расвета се создаваат услови кои ќе овозможат приказ на полните вредности на пластичните фасадни композиции. Во оваа сфера нема некои обврзувачки норми,, туку секој архитект слободно ја обележува својата композиција. Идеограмите за решавање на осветлувањето на нашите објекти ги решаваме во соработка со стручни лица од земјава и од странство, каде искуството за примена на осветлувањето е поголемо.

Водовод, електрика, машинство

За нашите објекти ги изведуваме следните фази од занатските работи:

Водовод

Електрика

Машинство- греење и климатизација

За преглед на добавувачите на материјали потребни за изведба на  одделните занатски работи, кликнете на насловот на работите.

Внатрешно уредување и осветлување

Прозорските отвори кои овозможуваат осончување на проосториите се дел од функционалните решенија на становите. Сончевата светлина во нашите проекти осветлува и создава ефекти.

Навечер,расветата во станот создава ново доживување. Од просториите за дневен боравок, до просториите за умствена работа и одмор позицијата на секое светлечко тело е обмислено и во согласност со намената, решено.

Керамика

Подните или ѕидни облоги во купатилата, терасите, кујните, холови, имаат декоративна, но пред се функционална улога во просторот. Долгогодишното искуство не наведе да соработуваме само со реномирани производители на природен камен или керамички плочки кои имаат свои овластени застапници во РМ. Дел од палетата на производи кои се застапени во нашите објекти може да ги видите ако ја посетите следнава страна:  www.kerapro.mk

Боја & Декор

За да го постигнат потполниот ефект бојата и декорот ги прилагодуваме на потребите и желбите на клиентот. Секоја сугестија е прифатлива, но  се имплементира дури откако идеата е обработена во согласност со строгите технички правила.

Челик за конструкција

Челикот како материјал за градба, во Македонија  не е широко прифатен како бетонот. Но е незаменлив дел од конструкцијата, посебно каде што треба да се постигне брзина во градбата и треба да се совладаат одредени архитектонски барања за обликување на просторот. Челикот го применуваме како составен дел од секоја градба каде архитектот со добра идеа ја оправдал неговата примена. За изведба се задолжени квалификувани работници кои поседуваат соодветни атести здадени од надлежните институции.

Алтернативна енергија

Со се поголемата примена, алтернативната енергија станува дел од инфрастуктурните решенија за објектите како примарна. Нашата обврска да проектираме енергетски ефикасни објекти ја надополнуваме со проектни задачи  во кои греењето на просторот, потребата од  топла вода, циркулацијата на отпадните води ја решаваме со примена на производи од реномирани домашни и светски производители со што трошоците за експлоатација на просторот е неколкукратно намалена. Ефектите од примената на алтернативната енергија позитивно се рефлектираат и на екологијата

Any Question at

+389 2 2040319
+389 2 2040726
+389 75 282808

Send your mail at

cubus@cubus.com.mk