SINCE 1992

Друштвото за градежништво тм дооел-Скопје е основано во 1992 година со основната дејност високоградба. тм дооел-Скопје во дваесет и девет години работење јасно ја определи својата позиција на пазарот на градежништвото во Р.Македонија со богата референтна листа на проектирани и изведени деловни и станбени објекти. Во изминатите години на постоење и работење во Р.Македонија изведени се над 70 станбено деловни објект и, со вкупна површина од 200.000 м2 или на годишно ниво просечно се изведуваат 13.300м2

Менаџерскиот тим прецизно ги формира и остварува своите идејни замисли со визија за создавање на здрава и стабилна градежна компанија со амбиции за афирмација и надвор од границите на Р.Македонија. Од 1996 година отворено е претставништво на тм дооел во Москва, Руска Федерација. Кубус  Москва успешно проектира и изведува работи во доменот на станбени и деловни објекти во неколку руски градови, меѓу кои катна гаража и хотелско трговски комплекс во Липецк, хотел, трговски центар и станбени згради во Јошкар Ола, неколку деловни згради во Москва, други помали објекти низ РФ. Кубус Москва во целост работи според законите кои важат на територијата на Руската Федерација.

Во идниот период работењето во оваа дејност и продолжување на традицијата на градежна компанија се реализира преку работењето на тм дооел-Скопје, фирма усогласена со законот за трговски друштва од 2005 година. Основна дејност на друштвото е високоградба, односно изведба на станбени објекти од доменот на колективно и индивидуално домување, деловни и индустриски објекти, по принцип од сопствено идејно решение до “клуч на рака”. тм – Скопје за своето идно работење поставува одредени стандарди на квалитетот на својот производ, без оглед дали станува збор за станбени, деловни или индивидуални станбени објекти. Поставениот стандард за квалитет на изведбата, препознатлив стил и цена на финалниот производ на тм – Скопје ќе ги определат и крајните потрошувачи, односно пазарната целна група.

Извршниот дел од управувањето со фирмата носител на брендот тм – Скопје го вршат лица со високостручна и виша стручна подготовка. Проектантскиот дел од задачите се извршува со висококфалификувани стручни лица – инженери. Самата изведба е  предводена од работници во постојан работен однос, пред се висококфалификувани и квалификувани мајстори за соодветни фази од градбата.

ZlatkoTodorov

..

 

Како што учиш да зборуваш, учиш да гледаш. Очите те лажат, често. Дводомензионалната слика  е превземена од тродимензионалната стварност. Ретко кој ја гледа секоја димензија која е прикажана. Ја гледаш ли паралелната стварност која во манир на најголемите кубисти е насликана на стаклото. Прозирното стакло, ненаметливото и кршливото стакло станало уметничко платно. Го гледаш  хоризонтот, го  гледаш објектот, ја гледаш околината во нејзиниот анфас и профил, се во еден единствен дводимензионален приказ.

Ореолот на објектот е уште помалку видлив за очите. Но објектот го има, зрачат прстите на работниците кои ја плетеле арматурата, ги подигнале илјадниците тони, заштрафиле десатици илјади штрафови…

Со блескава боја е покриена маката, потта и чемерот волуменот да се изгради.

По теоријата на хаосот сето тоа видливо и невидливо лебдело некаде, некој сето тоа го видел, споил и создал. Некој, Архитект. Нема да му го знаат името, но ќе се  родат, ќе живеат и ќе се спојат со безвременското во зданието кое го гледаш. За некого прост предмет, ништо невообичаено, на архитектот парче од животот.

Мојот живот е невидлив во тоа што го гледаш. Но таму е, видлив. Парче кое кога ќе го припоиш кон другите такви, ке ти ја даде сликата што не ја гледаш.

Гледај ги зградите со други очи. Таму се животите на луѓето. Не ги критикувај неконструктивно, ќе ти се врати со прашањето што јас создадов, а се осмелив да го покажам.

Во сликата гледам порака, доследно превземена од правилата на Единствениот. Не кради.

Сето друго што јас го гледам, ќе го задржам за себе.

Нашата идеологија

Чиста градба

Погледни ја сликата. Кои сетила ги покренува кај тебе? Очите, видот.  Ке ја оцениш како убава или грда, складна или распослана, вклопена, неприлагодена, модерна….. Друго сетило, те потсека на личност, драга или непријателска…. не и нешто повеќе.

Што всушност има таму. Волумен кој ја поврзува праисторијата и сегашноста, кубус создаден од човечка рака. Безвременското кое  го создало и тлото, ја носи мислата создавач. Темелите, за навек се измешале со подземниот океан, времено зидовите ке пркосат на часовникот. Безвременското ни подари школка кога се осмеливме да копаме по океанот. Си ја земавме, а во замена оставивме паричка да биде најдена од следниот милениумски градител. . . и гледам чувства. Чувство за овоземското, изградено од претците. Чувство презентирано во почит. Каде градителите од минатото завршиле, градителите од сегашноста продолжиле и го заложиле својот труд  за иднината. Ја искривиле видливата површина на раскрсницата помеѓу времињата. Кривата ги вовлекува минувачите во старото Скопје, по правата линија се лизгаат машините.

ЧЛЕН НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

РЕГИСТРИРАНА ТРГОВСКА МАРКА

ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО РМ

Лиценци и Овластувања

Any Question at

+389 2 2040319
+389 2 2040726
+389 75 282808

Send your mail at

cubus@cubus.com.mk