ВРАБОТУВАЊЕ И СОРАБОТКА СО ПРАВНИ ЛИЦА

После 29 години постоење на пазарот во Република Македонија, тм – Скопје ги преброди сите кризи на општеството, светски економски кризи, промени на влади, алчните „херои„ на транзицијата. Во таа борба на пазарот, во тм  јасно се издвои еден профил на потребен работник:  оној кој има пристап кон работата без демагогија, кој не се жали дека ништо не чини во општеството, дека се во државата отишло до врага…потребни се работници и инжинери со препораки, оние кои се подготвени за тимска работа, оние кои можат да ги премостат сите препреки и при тоа да бидат дел од колективот со насмевка на лицето.

Потполно сме флексибилни по однос на возраста на кандидатите, полот и степенот на образование. За делот на проектирање секако дека е потребна универзитетска диплома како и  познавање на Autocad. Сепак и за тие работни места бараме кандидатот да поседува комуникациски вештини, ентузијазам, енергија како и способност за добра проценка и тимска работа. 

Сите работни места кои се обединети во тм – Скопје се со заснован работен однос на неопределено време. За специфични работни места следува автомобил, за местата за проектирање службен телефон, компјутер или преносен компјутер.

Соработката со компаниите кои вршат занатски работи во градбата е врз база на долгоготишен заеднички настап на пазарот. Сепак ги охрабруваме младите компании да аплицираат за соработка.

Следниот конкурс за работни места ќе биде распишан во август 2019 г.  -Затворено во Септември 2019г

    Any Question at

    +389 2 2040319
    +389 2 2040726
    +389 75 282808

    Send your mail at

    cubus@cubus.com.mk