За објектот

Локација: ул. Даскал Камчев бр.1, Скопје

Површина: 8109,63м2

Година: 2016

Архитекти: диа Меланија Тодорова, диа Златко Тодоров, диа Симона Серафимовска Ѓуреска

 

Доградбата и надградбата на оваа колективна станбена зграда е одобрена со Деталниот урбанистички план за станбените единици КАРПОШ 1 и 2, дел од У.З. “Карпош 1”- дел (север И југ). Во согласност со параметрите од овој правилник се предвидува надградба од 3 ката и поткровје, како и доградба во рамките на маркицата дадена од ДУП. Надградбата е предвидена како потполно независна армирано бетонска конструкција која e изведена со премостување на постоечкиот објект.

Целиот објект се состои од подрум, приземје, 5 ката и поткровје. Влезовите во постојниот објект не се менуваат а за новиот надграден дел има два влеза надвор од габаритот на постоечкиот објект, со посебни скалишта и лифтови. На надградениот дел се предвидени 49 станови. При изготвувањето на решението за распоред на становите и просториите, извршени се низа усогласувања и консултации на проектантот со проектантите на поодделни фази за максимално почитување на ПП условите, хигиено-техничките прописи, со што  на објектот му се овозможува, при нормални услови на експлоатација, максимални услови за заштита при употреба.

Намената на објектот е исклучиво станбена. На надградениот дел на секој кат становите се решени според барањата на инвеститорот и потребите на пазарот, а според стандардите за проектирање. По содржина становите се различни и детално разработени во графичките прилози.

Конструкцијата е скелетна, армирано бетонска, со арм.бет. платна како вертикални елементи кај скалишното и лифтовското јадро, и арм.бет. столбови и греди над постоечкиот објект. Меѓукатната конструкција на првото ниво од надградбата е комбинирана од армирано бетонски рамки со челични контра греди помеѓу главните бетонски рамки, на кои лежи армирано бетонска плоча. Меѓукатната конструкција на другите две нивоа е армирано бетонска со челични косници. Конструкцијата е детално разработена во градежниот проект. Сите конструктивни елементи се димензионирани према статичката пресметка. Целокупната пресметка за статика и сеизмика е прикажана во градежниот проект, составен дел на овој проект.

Материјалите вградени во оваа зграда се високо квалитетни, трајни и достапни на пазарот. Новиот објект е изведен со полуструктурална фасада од елоксирани алуминиумски профили со двојно термопан застаклување и висок квалитет на стакло. Деловите што не се застаклени, се изведени од ytong блокови комбинирани со демит фасада, така што целиот објект е термо- изолиран и пријатен за експлоатација. Преградите во објектот се гипс- картонски ѕидови со звучна и термо- изолација, како би можеле да се запазат статичките барања за мала тежина, а истовремено да се обезбеди добра звучна изолација.

Снабдувањето на објектот со вода и електрична енергија е вршено според условите предвидени од јавните претпријатија за водовод и канализација и електрична енергија.

Објектот се загрева преку градската мрежа за централно греење. Инсталациите на новоизгрдениот објект се целосно независни од постојната градба, односно новиот објект подложи на нови приклучоци и инсталации.

Генералии

Идеологија на градбата

Станбен објект, надградба. Решен е како единствен волумен, над постоечкиот. Со избор на стакло како материјал, не претставува тежина над старата градба. Волуменот е вграден во рамка од две кули каде се сместени вертикалните комуникации. Кулите со изгледот и со избор на материјалот го потенцираат времето во кое е граден објектот. Конструкцијата на објектот е специфична. Комбинација на Армиран бетон и челик, со што се добива распон од 16 метри без конструкцијата да се наметне на функционалното решение. Во исто време со изборот на конструкција е направен обид да се воведе ред во инцидентното градење на тераси, отворени и затворени, по сопствено наведување на постојните сопственици. Со додадени апликации од современ материјал има дополнителен обид да се покрие хаосот. Објектот е во целост застаклен, со намера да се избегне навиката терасите да се застаклуваат. По обратен ред, кој сака во просторот на станот може да загради тераса. Тераси имаат становите со најдобар видик.  Новиот дел на градбата има два засебни влеза, покрај четирите постоечки. Во објектот има 64 стана. Распоредот на становите, големината и статусот  се прикажани во изборникот под наслов Продажба и Проекти.

Побарајте Имотен Лист- КАТАСТАР

Any Question at

+389 2 2040319
+389 2 2040726
+389 75 282808

Skopje, Republika Makedonija

bul. “Partizanski Odredi” br.151, B-3, M-3

Mon-Fri

7.30h – 15.30h (CET)