За објектот

Локација: ул. Наум Наумовски Борче бр.40, Скопје

Површина: 8109,63м2

Година: 2014

Архитекти: диа Меланија Тодорова, диа Златко Тодоров

Локацијата определена за изградба на објектот е одобрена според ДУП “Дебар маало 2’’. Габаритот на објектот е неправилна правоаголна форма, закосена на едната страна, додека од волуменот на главниот габарит се истакнува двовисински брановиден трем кон ул.Наум Наумовски Борче, односно кон бул.Партизански одреди. Габаритната површина изнесува 342,23м2, котата на венецот е 26м, а катноста на објектот е П+7+Пк, поделен во две ламели.

Намената на објектот е деловна, со компатибилна класа на намена А5, односно хотелски простор. Главниот влез на зградата е од ул. Н.Н.Б,на ниво 0.00м, од каде постои влез во главниот хол/рецепција што води кон катовите, како и директен влез во лифт/ платформа што ги води возилата кон двете подзени нивои/ подруми.

РАСПРЕДЕЛЕНОСТ СПОРЕД НАМЕНА

Габаритот на подрумите е проширен од основниот габарит на зградата кон задната парцела. Во двата подруми се сместени вкупно 48 возила, скалишни јадра со лифтови и технички простории, комплет со сите потребни елементи според нормативите и стандардите пропишани за подземни паркиралишта. Пристапот е решен со две лифт платформи за возила.

Во приземјето и првиот кат се сместени локали со засебен пристап и санитарии во ламела 1, односно локали со заеднички санитарии во ламела 2.

На 2, 3, и 4 кат се предвидени канцеларии, по барање на инвеститорот и според потребите на пазарот. По содржина, канцелариите се различни, а детално се разработени во графичките прилози.

Погоре, на 5, 6, 7 кат и поткровје  предвидени се хотелски апартмани и помошни простории што го опслужуваат хотелот.

КОНСТРУКЦИЈА, ФАЗИ

При изработка на решението за распоред на просториите, извршени се низа усогласувања и консултации меѓу проектантите на поодделни фази, за максимално усогласување и почитување на ПП условите и хигиенско- техничките прописи, со цел овозможување на максимална заштита при експлоатација и најдобри услови за боравење.

Конструкцијата е армирано- бетонска, масивна и скелетна конструкција со вертикални елементи- платна 30cm, столбови и греди 30/50cm и меѓукатна плоча 20cm.

Подрумските ѕидови се а.б. платна 30cm, додека темелењето е изведено како а.б. темелна плоча 90cm.

Материјалите вградени во овој објект се со висок квалитет и одржливост, трајни и достапни на пазарот. Фасадата кон бул.Партизански одреди е целосно застаклена, изведена како структурална фасада, со двојно термопан застаклување и непровидна однадвор. Задната фасада е изведена од блок- тука со демит фасада. Внатрешните прегради се изведени од гипс- картон, заради лесно прилагодување на просторот и промени во распоредот.

Краток опис

За Објектот-од проектантот

Отвори ја сликата. Кои сетила ги покренува кај тебе? Очите, видот.  Ке ја оцениш како убава или грда, складна или распослана, вклопена, неприлагодена, модерна….. Друго сетило, те потсека на личност, драга или непријателска…. не и нешто повеќе.

Што всушност има таму. Волумен кој ја поврзува праисторијата и сегашноста, кубус создаден од човечка рака. Безвременското кое  го создало и тлото, ја носи мислата создавач. Темелите, за навек се измешале со подземниот океан, времено зидовите ке пркосат на часовникот. Безвременското ни подари школка кога се осмеливме да копаме по океанот. Си ја земавме, а во замена оставивме паричка да биде најдена од следниот милениумски градител. . . и гледам чувства. Чувство за овоземското, изградено од претците. Чувство презентирано во почит. Каде градителите од минатото завршиле, градителите од сегашноста продолжиле и го заложиле својот труд  за иднината. Ја искривиле видливата површина на раскрсницата помеѓу времињата. Кривата ги вовлекува минувачите во старото Скопје, по правата линија се лизгаат машините.

Како што учиш да зборуваш, учиш да гледаш. Очите те лажат, често. Дводомензионалната слика  е превземена од тродимензионалната стварност. Ретко кој ја гледа секоја димензија која е прикажана. Ја гледаш ли паралелната стварност која во манир на најголемите кубисти е насликана на стаклото. Прозирното стакло, ненаметливото и кршливото стакло станало уметничко платно. Го гледаш  хоризонтот, го  гледаш објектот, ја гледаш околината во нејзиниот анфас и профил, се во еден единствен дводимензионален приказ.

Ореолот на објектот е уште помалку видлив за очите. Но објектот го има, зрачат прстите на работниците кои ја плетеле арматурата, ги подигнале илјадниците тони, заштрафиле десатици илјади штрафови…

Со блескава боја е покриена маката, потта и чемерот волуменот да се изгради.

По теоријата на хаосот сето тоа видливо и невидливо лебдело некаде, некој сето тоа го видел, споил и создал. Некој, Архитект. Нема да му го знаат името, но ќе се  родат, ќе живеат и ќе се спојат со безвременското во зданието кое го гледаш. За некого прост предмет, ништо невообичаено, на архитектот парче од животот.

Мојот живот е невидлив во тоа што го гледаш. Но таму е, видлив. Парче кое кога ќе го припоиш кон другите такви, ке ти ја даде сликата што не ја гледаш.

Гледај ги зградите со други очи. Таму се животите на луѓето. Не ги критикувај неконструктивно, ќе ти се врати со прашањето што јас создадов, а се осмелив да го покажам.

Во сликата гледам порака, доследно превземена од правилата на Единствениот. Не кради.

Сето друго што јас го гледам, ќе го задржам за себе.

ПРЕВЗЕМИ -ДЕЛОВЕН ПРОСТОР-Катастар

Деловен простор во објектот на улица Наум Наумовски Борче бр. 40 во Скопје- ПОНУДАТА Е ЗАТВОРЕНА, НЕМА СЛОБОДЕН ПРОСТОР

ГАЛЕРИЈА

Any Question at

+389 2 2040319
+389 2 2040726
+389 75 282808

Skopje, Republika Makedonija

bul.”Partizanski Odredi” br.151, B-3,M-3

Mon-Fri

7.30h – 15.30h (CET)

Send your mail at

cubus@cubus.com.mk