Опис на проектот

Објектот е поставен на самиот влез во една од Скопските Општини со нај брз урбан развој, Илинден. Во развојот, Општината ја изведува главната раскрсница- кружен тек преку која се одвива главниот сообраќај со останатите скопски општини. Во исто време, во непосредна близина е излезот „Илинден“ од булеварот кој понатаму прераснува во автопатот Е7. Од самата локација до централниот плоштад на Град Скопје, Македонија, потребни се 11 минути со автомобил. Локацијата со овие параметри и патна инфраструктура нуди домување со кое станарите во исто време се на чекор до ценралното подрачје, а сепак издвоени од градскиот метеж. 

Близината на Булеварот кој прераснува во автопат за објектот значи дека може да има посетители кои во Град Скопје доаѓаат како туристи. Било како да се превезуваат, со сопствен превоз или со автобус, проектот овозможува нивно сместување. Хотелот сместен на Првиот кат располага со 30 двокреветни соби за кои има предвидено ресторан со сопствена кујна, а во рамките на објектот има и Хостел кој овозможува сместување на туристи кои имаат потреба од по ниско буџетно сместување. Близината на аеродромот секако дека ќе ги привлече оние гости на Скопје и Државата кои патуваат со авионски превоз. За сите корисници на Хотелското сместување и Хостелот на простор од 400м2 има предвидено и спа центар со теретана. Овие содржини се од отворен карактер за посетители, контролирани со клуб карта за станарите и редовни гости. Дел од становите во објектот сместени на вториот кат имаат директен пристап во спа центарот. Во рамки на овие содржини има и базен кој може да се користи како затворен во зимски услови и како отворен во летните месеци. 

Приземјето е предвидено содржини кои се пред се во функција на домувањето, а тоа е маркет за снабдување воден од некои од реномираните брендови на пазарот во Скопје. Останатите локали, пред се оние кои се завртени кон каналот, се предвидени за ресторан, кафулиња и барови. Со проектот, брегот на каналот кој има проточна вода добива тртман на шеталиште со ширина од 10 м, во кој простор се предвидени и тераси на кој угостителството би ги распоредиле својата опрема. Опремата од шеталиштето е издвоена со тесна лента на зеленило. 

Приватноста на станарите е обезбедена на рамните тераси на објектот кои се во вкупна површина од 1500м2. Тарасите се оградени и опремени со зеленило, клупи и неопходна урбана опрема, која овозможува користење на терасите од страна на станарите во текот на 24 часа. Овие оградени простори се контролирани и пристапот е овозможен само за оние кои имаат стан во објектот. 

Во непосредна близина на објектот, на локацијата која граничи со урбанистичката локација на објектот, предвидени се тениски терени опремени за 24 часа користење. 

Ваквата разновидна содржина предвидена во објектот овозможува тој да биде отворен 24 ч. Домувањето е сосема изолирано и дозволува максимален одмор и приватност на станарите.

Во службата за одржување на комплексот, покрај редовниот сервис од типот на мајстор за брзи поправки и одржување, има служба за одржување на зеленилото и шеталиштето кое иако е во приватна сопственост, со задоволство ќе овозможи користење за секој жител на населбата и градот. 

Во функција се предвидени да бидат до три возила, минибус со 12 седишта за транспорт на станарите во текот на сите 24 ч. 

 

 

Project Details

  • Client: CUBUS
  • Location: Скопје, населба „Илинден“
  • Project Begin: После усвојување на ДУП
  • Project End: Јуни 2022
  • Architect: Меланија Тодорова, Кристијан Тодоров
  • Location: Landskape: Александар Тодоров

Project Management

Во изработка…

Download Brochure

За пристап до брошурата ќе треба да се регистрирате

Локација на објектот

Any Question at

+389 2 2040319
+389 2 2040726
+389 75 282808

Send your mail at

cubus@cubus.com.mk