Партер

Изложбен простор на отворено

ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ, ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР И СКЛАД

Идеен и Основен Проект за ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ во с. Кадино, Општина Илинден – Скопје. Инвеститор е ТДПТУ - Адмирал Дејан ДООЕЛ Куманово
Објектот спаѓа во класа на намена Б1- мали комерцијални и деловни намени. Сопственик и корисник на објектот е фирмата инвеститор, на која основна дејност ѝ е изведба на фонтани и базени.
Градежната парцела е со површина од 1600 м2. Површината која е зафатена со објектот изнесува 560м2. Останатиот дел од парцелата е дворно место кое е организирано како изложбен простор за производите на фирмата инвеститор, како и простор за тестирање на базенска опрема.
Објектот е со катност П+1 и има вкупна површина од 1120м2, во правилна правоаголна форма. Поставен е во правец север–југ, долж пристапната улица. Во рамките на површината за градба, објектот е лоциран на таков начин што е можна негова поделба на два дела со идентични површини, како на објектот, така и на целата парцела. Поделбата е овозможена во наполно права линија.
Главниот влез во објектот е со пристап директно од улицата и е надвор од оградата на дворот. Од овој влез се пристапува во простор за клиенти и канцелариски простории, кои се лоцирани паралелно со пристапната улица, односно кон главната фасада. Главниот влез е функционално одвоен од влезот за работници и од пристапот за возила, кои се на бочните страни, така што влезовите воопшто не се мешаат. Пристапот до влезовите за возила и кон магацините се на бочните страни од објектот, лоцирани позади оградата, преку дворното место, што овозможува безбедносна контрола. На задната страна од објектот предвидени се две надворешни скалишта за независен пристап кон две посебни целини на горниот кат.
Конструкцијата на објектот е скелетна, армирано бетонска, а надворешните ѕидови се од лимени сендвич панели, со кои истовремено се формира и фасадата.

За проектот

Project Management

...во подготовка...

Download Brochure

за да ја користите оваа опција потребно е да се регистрирате.

Локација

Any Question at

+389 2 2040319
+389 2 2040726
+389 75 282808

Send your mail at

cubus@cubus.com.mk