Според општите урбанистичко архитектонски услови проектираниот објект е со висина на венецот 25,20м од котата на тротоарот, а катноста е П+7. Нултата кота на проектираниот објект е поставена на ниво на тротоарот. Плочата над последниот кат е на кота +25,20м. Со проектот се предвидени 3 подруми, приземје и 7 ката. Маркицата е со правоаголна форма, поставена е во правец југозапад ‐ североисток, долж улицата 705.
Намената на објектот е семејно домување во станбена зграда. Катовите од први до шести
се целосно станбени. Во приземјето се предвидени шест локали, хотелска рецепција и три хотелски соби. Еден дел од приземјето е во функција на подземното паркирање, односно
предвиден е за пристап на возилата до подземните нивоа преку две лифтовски платформи.
Просторот за домување е функционално одвоен од локалите, така што влезовите не се мешаат.
Влезовите во локалите се потполно независни, со директен пристап од надвор. Влезот во
хотелскиот дел има пристап од улицата 705, а влезот во станбениот дел е од задната страна на зградата, односно од двор.
Паркирањето, како посебна функција, е решено на три нивоа, во рамки на градежната
парцела. Пристапот на возилата до подземните нивоа е преку 2 лифтовски платформи за возила.
Движењето на возилата во подземното паркиралиште е двонасочно, со минимална ширина на комуникацијата од 5,5м. Паркинг местата се организирани двострано и предвидени се како
отворени обележани места, без прегради.
Изградбата на оваа зграда е предвидена со Детален Урбанистички План за Градска Четврт
И09, нова железничка станица, Општина Центар, одлука бр. 08‐5319/14 од 17.12.2020 год.
Идејниот проект за објектот е изработен според Извод од План бр. 27‐2053/2 од 01.04.2021 год., издаден од Општина Центар – Скопје и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Службен весник на РМ, број 142/15, 217/15, 222/15, 228/15, 35/16, 99/16, 134/16, 33/17 и 86/18).
Објектот е предвиден со намена А2 ‐домување во станбени згради. Урбанистичката парцела е со површина од 646 м2 и на неа постои индивидуален станбен објект, како и два помошни објекти. Постоечките објекти се предвидени за рушење, а на нивно место се предвидува нова зграда со дозволена површина за градење од 391м2 и бруто развиена површина од 3128м2. Со ДУП‐от се предвидени повеќе шифри за намена на просторот, каде што А2 е основна класа на намена, а компатибилни класи се Б1, Б2, Б4, Б5, В3, В4 и Д3 со вкупно дозволена застапеност од 40%. Во овој проект површината зафатена со градба изнесува 379 м2, бруто развиената површина изнесува 3032м2, каде што шифрата А2 е застапена со 78%, шифрите Б1 и Б4 со вкупно 6%, шифрата Б5 со 15% и 1% од површината е во функција за паркирање.