Social Responsability

ДГ Кубус Скопје настана заедно со осамостојувањето на Република Македонија,со единствен капитал идеа и желба за остварување во областа на Архитектурата и градежништвото. Не е резултат на никаква транзицијска трансформација со префрлање на државен во приватен капитал ниту на дооформување на државен имот на фирмите основани со народни пари од СФРЈ во приватни компании. Имено, кога зборуваме за Општествена одговорност, одговорните во Друштвото се на мислење дека одговорноста започнува од самите почетоци и форми на настанување. Во својот развој  вработените во ДГ Кубус се сретнаа со низа препреки и неправилности кои објективно го попречуваат нормалниот развој на претпријатијата во Република Македонија, па затоа во рамките на своите можности Друштвото помага за развојот на зедницата преку донации, спонзорства, едукација, зложба за заедничка одговорност,изработка на проекти.

Во спортот,  Кубус е присутен е во кошарката, ги поддржува младите категории преку кошаркарските училишта што веке резултира со конкретни настапи на млади македонски кошаркари во реномирани клубови во Mакедонија и во странство. 

Кубус застана зад еден од најголемите спортски брендови на овие простори, КК Работнички, во неговото опстојување низ годините.

Сноуборд како релативно нова спортска активност во Р.Македонија е присатна со идејата и работата на ентузијастите од спортскиот клуб Полар . Луѓето од Полар ни дозволија скромно да помогнеме во нивниот развој.

Одреден број на театарски претстави, музички настани, концерти  се овозможени и со донации од Кубус.

Ликовни изложби од највисок ранг, каталози и мапи.

Одговорноста кон заштита на средината во која живеме, ја застапуваме со изработка на проекти за заштита на човековата околина. Се заложуваме деградацијата на земјиштето кое настанува по природата на нашата дејност,градежништвото, да биде сведена на минимум при самата работа, а сето она кое останува после нашите активности да претставува позитивен пример за човековата околина. Елаборатите според кои се водиме при таа наша активност се изработени и ревидирани од највисокитеобразовни  институции во државава.

Грижата за вработените е суштината на идеологијата на Кубус. Групи на работници преку разни обуки се стекнале со потребните или по нивна желба избраните сертификати и дипломи. Образовниот процес за никого од вработените не е завршен иако добар дел од нив се со завршено високо образование, последипломски студии или докторат. Тоа го налага времето, а како пример е поттик за околината.

Дел од вработените,оние кои имале потреба, користат кредити од самото друштво или од комерцијалните банки, што ги прави задоволни и лојални припадници на нашето општество.

Заштитата на работниците при одвивање на процесот на работе, иако е обрзувачки за сите компании во Р.Македонија, во фирмите кои работат со Кубус се спроведува со посебно внимание и истрајност. Воведени се и проширени заштитни мерки од оние пропишаните со закон.

Редовноста во исплатата на даноците,платите и придонесите секако не се дел од општествена активност, но ова врееме на себедефинирање секако дека даваат поттик за афирмирање на легалните активности. 

Related Posts