Накратко за објектот

Локација: ул. Балканска, Скопје

Површина: 4214,61м2

Година: 2016

Архитекти: диа Меланија Тодорова , диа Симона Серафимовска Ѓуреска, диа Златко Тодоров

Изградбата на оваа зграда е предвидена со ДУП: Изменување и дополнување на дел од ДУП “МЗ Цветан Димов – Славија” (блокови 1, 2, 3, 4, 5, 7, 8 и 10), одлука бр. 07-4693/2 од 06.07.2012год.

Маркицата е со правоаголна форма, поставена во правец североисток–југозапад, долж улицата Балканска. Урбанистичката парцела е со површина од 735 м2, каде се предвидува нова зграда со површина за градење од 468,29м, П+7+Пк и бруто развиена површина од 4214,61м2, каде шифрата А2 е застапена со 93,32%, a шифрата Б1 со 6,68%.

Котата ±0,00 на приземјето е 15см над нивото на тротоарот, додека плочата на последниот кат- поткровјето е предвидена на кота 23,7, Вкупната нето површина на објектот изнесува 5206,63м2 од кои во станови се 3208,89м2, во локали се 257,98м2, во скалишта и ходници се 957,90м2, паркинзи 781,86. Со овие параметри, планираниот објект  се вклопува во дозволените граници предвидени со ДУП.

Намената на објектот е семејно домување во станбена зграда. Катовите од први до поткровје се целосно станбени. Во приземјето се предвидени седум локали и еден стан. Просторот за домување е функционално одвоен од локалите, така што влезовите не се мешаат. Влезовите во локалите се потполно независни, со пристап директно од улицата. Влезот во станбениот дел има пристап од улицата, а со паркиралиштата е поврзан преку издвоен скалишен простор.

Паркирањето е решено на три нивоа, во рамки на градежната парцела, со 3 паркинг места на ниво на терен, наменети за хендикепирани лица. Кон подземните нивои се пристапува со лифт-платформа од ниво на терен. Во подрумите е предвидено подземно паркирање за вкупно 54 возила, односно по 18 паркинг места на секое ниво.

Пристапот до становите, на сите катови, е решен преку еден централен ходник со ширина 1,50м и должина13,55м. Становите се решени според барањата на инвеститорот почитувајќи ги правилниците за проектирање, а дел од становите се решени по барање на жителите од постоечките објекти. По содржина, становите се различни и детално се разработени во графичките прилози, со површини од гарсоњери од 31.72, 36.20, 40.40, двособни и трособни станови од 48.01, 53.25, 60.34, 69.44. 73.61, 82.08, до полуксузни станови од 100.34м2 на поткровјето. При изготвување на решението за распоред на становите и просториите, извршени се низа усогласувања и консултации со проектантите на поодделни фази, заради почитување на ПП условите и хигиено-техничките прописи, со што се овозможуваат, при нормални услови на експлоатација  на објектот, максимални услови за безбедност и заштита при употреба.

Во станбениот дел, висината меѓу две нивоа, мерено од под до под изненува 2.90м, со што се добива чиста висина од 2,60 помеѓу готов под и плафон, додека во поткровјето, висината од под до плафон изнесува 2,50м.

Конструкцијата на објектот е монолитна, армирано бетонска, во систем од носиви платна, дебели меѓукатни плочи и ободни греди.

Скалишните и лифтовските јадра се армирано бетонски платна со d=20 и 25см. Подрумските ѕидови се исто така армирано бетонски платна со d=25см. Темелењето се предвидува со темелна плоча. Покривната конструкција е рамна армирано бетонска плоча. Сите конструктивни елементи ќе бидат димензионирани според статичката пресметка. Комлетниот проект за конструкцијата на објектот ќе биде даден во фаза Статика, како составен дел на Основниот проект.

Снабдувањето на објектот со вода и електрична енергија ќе се врши според условите предвидени од јавните претпријатија за водовод и канализација и електрична енергија.

Објектот ќе се загрева преку сопствена мрежа за централно греење, со која воедно ќе се врши и климатизација на просториите. Станбениот дел од објектот ќе се загрева преку мултисплит систем со мрежа од надворешни и внатрешни единици, со што се овозможува и греење и ладење. Системите за греење, ладење и ветрење ќе бидат подетално прикажани во основниот проект за машинство.

Генералии

За самата локација

Балканска е улица која ја двои Општината Кисела Вода со Општината Центар. Мирна, без фрекфенција на возила, но на само десетина метри од главните текови на градот. Со веќе изведена инфраструктура и со опременост која ги надминува просечните потреби, оваа локација нуди живеење во центарот на главниот град со несекојдневна можност за приватност.

Download Brochure

Any Question at

+389 2 2040319
+389 2 2040726
+389 75 282808

Skopje, Republika Makedonija

bul. “Partizanski Odredi” br.151, B-3, M-3

Mon-Fri

7.30h – 15.30h (CET)