ИЗВЕДБА

ИЗВЕДБА

Omnium enim rerum principia parva sunt

ПРОЕКТИРАЊЕ

ПРОЕКТИРАЊЕ

За да се запознаете со проектите на CUBUS притиснете на црвеното копче.

Понуда на станбен и деловен простор

Понуда на станбен и деловен простор

Одберете недвижност од понудата на Кубус

Header

Изградете го Вашиот дом со нас!

Илјадници македонски семејства во конфорни, пристапни, архитектонски разработени и енергетски ефикасни станови.

Header

Во денешното брзо темпо на живеење, едно место во нашиот живот ги обединува сите наши исконски потреби и сите наши современи задачи. Тоа е домот.Во тој простор човекот се обновува, како домот да е некоја капсула од СФ филмовите. Кога сме во тој простор сите работи се совладливи. Таа човекова потреба треба да е почеток на секој  архитект за создавање на концепт за изградба на објети за домување.  На секој изведен стан, техичката совршеност треба да му е алатка за постигнување на балансиран и артикулиран простор.

Само едно место е дом. На другите места боравиме. Изборот кој да го прави нашиот дом е комплексна работа. Често приоритет се средствата, но тие не се гаранција за изборот.  Внимавајте на посветеноста колку архитектот ја внесува сопствената душа во она кое за него е работа.

Нашата идеологија е токму таа, да вградиме дел од нашите души во идните домови.

ZlatkoTodorov

Основач на ДГ Кубус дооел Скопје

Станбен простор во Скопје, Општина Центар

Станбен простор во Скопје, Општина Центар

Станбен простор во предпродажба

Деловен простор во Скопје, Општина Центар

Деловен простор во Скопје, Општина Центар

Изберете деловен простор во центарот на Скопје

``Stream`` од градилиште

``Stream`` од градилиште

…….loading….

Станбен и деловен простор, Општина Карпош

Станбен и деловен простор, Општина Карпош

Изберете станбен простор во Општина Карпош

Искористете ги нашите предности

Годините на работа на домашните и на странските пазари, вработените Во Кубус ги усоврши до степен кој е неопходен за создавање на секој современ производ. Искористете ја таа наша предност

ЕНЕРГИЈА ОД ПРИРОДАТА

Напредокот на современата технологија овозможи производите за добивање на енергија од „алтернативните“ извори да бидат се по ефикасни и се по достапни. Примената на тие производи ја намалуваат цената при експлоатација на станот и до 5 пати во споредба со традиционалното снабдување со енергија. Придобивките се од повеќе страни. Пред се во екологијата, а понатаму и за севкупното стопанство. Ние во Кубус, со задоволство ја прифативме современата технологија. Можеме да потврдиме, задоволството го делиме со многу наши клиенти.

ЕКИПИРАНОСТ И ТЕХНОЛОГИЈА

Изведбата на објектите е регулирана со цела низа на закони и правилници, се со цел да се постигнат и следат светските стандарди за овој вид на работи. Постигнувањето на тоа  ниво е невозможно без примена на соодветна технологија при изведбата на објектите. Конвенционалните алати и опрема не изостануваат, но тоа е дел од традицијата. На крајот, секоја фаза од изведба на објектот е контролирана од оспособени и високо научни институции. Квалитетот на производот е безкомпромисна цел на секој вработен во Кубус.

УСЛУГИ СО КОИ СЕ НАДМИНАТИ ГРИЖИТЕ

Пазарот во Република Македонија после осамостојувањето наметна докажување во сите области и слоеви на општеството. Производот кој ние го создаваме опфаќа повеќе гранки па за да ги држиме нашите високо поставени цели, во секоја област развивме сопствена контрола. Секој проект започнува од формалното регулирање на целите. За тоа се задолжени врвни правници кои заштитата на интересот на компанијата го разбираат преку заштита на интересите на нашите партнери.

Проектантите на сите фази, до најразработените детали ги применуваат препораките кои се зададени во официјалните документи, а потоа во таа формалната регулатива го оформуваат проектот во склад со техничките правила.

При изведбата на идниот објект инжинерите кои се овластени за тој вид на работа ги остваруваат разработените и ревидираните проекти во строга процедура. На крајот, за секој новоизведен објект се  издаваат сертификати од соодветни овластени компании и јавни претпријатија.

Дел од нашите проекти

Веруваме дека резултатите од работата кажуваат се. Прелистајте дел од проектите кои се прикажани како следни.

улица „БАЛКАНСКА“ – Кисела Вода
Administrative building NNB
ул. „Даскал Камче“ – Скопје
Маџирмаало

Погледнете ги изведените објекти

Секој објект е направен со сопствена идеологија, прилагодена на околината и на намената. Прелистајте ја архивата каде се прикажани дел од изведените објекти.

Нашите клиенти за нас

Триаголник

Od imeto na centar za neformalno obrazovanie TRIAGOLNIK bi sakale da vi gi cestitame prestojnite praznici i da vi posakame uspesna rabotna godina.
Voedno bi sakale da vi iskazeme i blagodarnost za poddrskata koja ni ja dadovte vo realizacija na programata Golem brat/golema sestra koja se implementirase vo sklop na proketot Zajaknuvanje na kapaciteite na vrabotenite i stitenicite vo detski dom “11 Oktomvri”. Programata so 5-te momcinja vo koja bese vklucen i Toni Simik zavrsi mesecov. Iako poveke ne e del od vasiot klub, za da ne se izneveri dobverbata na decata so nego odrzaa uste edna sredba. Vpecatocite na decata, domot, i nasite se golemi i se nadevame deka vo idnina ke imame moznost za drugi sorabotki.

TRIAGOLNIK, centar za neformalno obrazovanie

Elena Dzartovska, Koordinator na proekt

Any Question at

+389 2 2040319

+389 2 2040726

+389 75 282808

Mon-Fri

7.30h – 15.30h (CET)